Елизабет, Даниел, Мишел и Сара биле пресреќни кога дознале дека истовремено се бремени. Но, четирите сестри од Небраска не можеле ни да замислат дека сите ќе се породат во период од 12 дена.
Среќните мајки донесоа на свет не четири, туку пет бебенца. Елизабет се породила последна и родила близначиња на 29 април.
„Воопшто не беше планирано. Беше лудо“ – рекла Елизабет.
Видео
Мајката на среќните родилки, Мери Снид, била преплашена што нејзините ќерки биле бремени за време на пандемија.
„Беше страшно. Сè беше страшно. Да имаш бебе е страшно, па фала му на Бога што сите се здрави. Беше совршено“ – рекла Мери, која е мајка на 12 деца.