Семејство од Шкотска е навистина благословено. Четири сестри се бремени во исто време и нивните деца ќе се родат во период од само неколку месеци.
Оваа среќна случајност освојува симпатии низ целиот свет.
Две од сестрите, 28-годишната Кејли и 35-годишната Џеј, треба да се породат овој месец, додека термините за породување на 41-годишната Кери-Ен и 24-годишната Ејми се во август и септември.
„Отсекогаш бевме блиски како семејство. Секогаш си ги крадевме шминките и облеката“ – велат тие.
Четирите жени живеат на само 5 минути една од друга, па ќе можат и да си помагаат околку грижата за бебенцата.
„Возбудливо е за нашето семејство. Ми се допаѓа фактот што нашите деца ќе одат заедно во градинка и ќе учат во исто одделение на училиште. Сигурна сум дека ќе бидат одлични другарчиња“ – изјавила Кери-Ен.
Среќните жени позираа заедно за фотосесија.