Почетна » Новости » Занимливости » Двојна радост: Сестри се породија во период од 90 минути во соседни соби во иста болница

Двојна радост: Сестри се породија во период од 90 минути во соседни соби во иста болница

Фотографија од сестри кои се породија во период од 90 минути во соби една до друга стана хит на социјалните мрежи.

Британи и Ешли отсекогаш сонувале да станат мајки истовремено, а на 14 декември нивниот сон стана реалност. Двете сестри родија синови во ист ден во иста болница.

Британи и Ешли

Кога биле мали, тие често играле со нивните кукли и се преправале дека се мајки. „Сакавме заедно да станеме мајки. А потоа, тоа се случи во реалниот живот“ – велат тие.

Двете дознале дека се во блажена состојба во април, а нивниот термин за породување бил само на неколку дена растојание. Но, 29-годишната Ешли добила контракции во 2 часот наутро во истиот ден кога нејзината 30-годишна сестра Британи била закажана за индуцирано породување.

„Ми испрати порака во 2 часот наутро во која ми напиша дека има контракции и дека можно е да се сретнеме во болница. Имав можност да ја видам и поздравам и двете си разменивме сладок поглед. Тоа е како еден од оние моменти кои ги замислувавме како мали девојчиња“ – рекла Британи.

Британи и Ешли Британи и Ешли

Двете се согласни дека бременоста во време на пандемија не е лесна, но тие постојано се поддржувале една со друга.

„Не е нормално и не е она што го замислуваш во главата, беше тешко, но тоа што ја имав сестра ми низ сето тоа, ми носеше утеха“ – рекла Британи.

Британи и Ешли

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20963 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.