Цанка Костова заслужува само пофалби. Посветената наставничка од училиштето „Страшо Пинџур“ од Неготино подготви уникатни подароци за секој од своите ученици и им ги достави до нивните домови.
Костова објави фотографии и видеа од изненадувањето. Таа успеа да израдува и насмее 21 детенце.
ВИДЕО
„Затоа што сте мои, затоа што сте единствени, затоа ќе сум тука секогаш за вас. Продолжете да чекорите храбро. Моја гордост“ – пишува на честитките кои Цанка ги изработи за секое дете посебно.
Таа на сите им подари по едно срце на кое пишува „Те сакам“.
„Точно на 100-от ден од кога не сме на училиште, моите ученици имаа едно поразлично утро“ – вели таа.