Почетна » Новости » Животни стории » Гест за почит: Учител доби 110 слободни денови од колегите за да се грижи за ќеркичката болна од рак

Гест за почит: Учител доби 110 слободни денови од колегите за да се грижи за ќеркичката болна од рак

Учители од цела Алабама се сплотија за заедно да му помогнат на свој колега кој има болна ќеркичка. Тие му подарија 110 слободни денови на Дејвид Грин за тој да може да се грижи за едногодишната ќеркичка која се бори со рак.

Дејвид, Меган и Кинсли Дејвид, Меган и Кинсли

Дејвид, кој е учител со средно училиште во Алабама, немал повеќе слободни денови и морал да работи додека неговата ќеркичка Кинсли ја водела најтешката борба во болницата.

На малото девојче му била дијагностицирана акутна лимфобластна леукемија во октомври минатата година. Соочена со тешката ситуација, мајката морала да ја напушти својата работа за да биде покрај Кинсли.

31-годишниот Дејвид бил принуден да продолжи да работи за да не го изгуби здравственото осигурување кое им било круцијално.

Тогаш, сопругата на Дејвид објави порака на Facebook во која пишува:

„Дејвид официјално нема повеќе слободни денови од работа. Ние сакаме и понатаму тој да може да биде покрај нас во болница, додека Кинсли прима хемотерапија. Па, многу би ни значело доколку сте учител во Алабама и сте во позиција да му донирате слободен работен ден.“

„Кинсли е татина ќеркичка и нејзе ѝ треба Дејвид да биде покрај неа колку што може почесто, па таа ќе ви биде благодарна за сите донирани денови, за таа да може да минува време со нејзиниот татичко.“

Нејзината порака наиде на огромна поддршка и беа собрани 110 слободни денови за Дејвид.

Дејвид, Меган и Кинсли Дејвид, Меган и Кинсли

Во Алабама, постои „банка“ (Sick Leave Bank) каде просветни работници се откажуваат од своите слободни денови и ги донираат за сите оние колеги на кои им се потребни.

Дејвид и неговата сопруга Меган ја добиле Кинсли во ноември 2017 година. Меган се пораѓала 36 часа, но на крајот докторите морале да ѝ направат царски рез. „Бевме пресреќни што конечно ја имаме нашата ќеркичка во рацете. 10 прсти на рацете, 10 прсти на нозете, руса коса, сини очи. Таа беше совршена. Кинсли беше најдоброто бебе. Такво бебе на кое сите други мајки би завидувале. Спиеше одлично, јадеше одлично, беше среќна. Сè додека не се случи ова“ – вели мајката Меган за ќеркичката која моментално се бори за живот.

Дејвид, Меган и Кинсли Дејвид, Меган и Кинсли Дејвид, Меган и Кинсли Дејвид, Меган и Кинсли Дејвид, Меган и Кинсли Дејвид, Меган и Кинсли

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19817 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.