Почетна » Новости » Занимливости » Наставничка преку емотивен текст објасни зошто не треба секогаш да се осудуваат постапките на децата

Наставничка преку емотивен текст објасни зошто не треба секогаш да се осудуваат постапките на децата

Наставничка во основно училиште напиша емотивен текст на социјалните мрежи за да порача дека не треба да им се суди на децата за постапките без да се побараат одговорите за нивното однесување.

Ели Дил им дала задача на учениците да напишат што е она што тие посакуваат таа да го знае, а некои од одговорите ја изненадиле и се врежале во нејзиното сеќавање.

Профили

Во петокот имав една активност со моите петтодделенци, која бараше од нив да напишат краток текст со наслов:

„Посакувам мојата наставничка да знаеше...“

Ова се само неколку од одговорите кои се врежаа во мене:

Дете 1: Посакувам мојата наставничка да знаеше дека татко ми е во затвор и дека го немам видено со години.

Дете 2: Посакувам мојата наставничка да знаеше дека не вечерам секогаш, бидејќи мајка ми работи, а јас не знам како да го користам шпоретот.

Дете 3: Посакувам мојата наставничка да знаеше дека сестра ми спие во ист кревет со мене и дека понекогаш навечер го намокрува креветот и поради тоа мирисам чудно.

Дете 4: Посакувам мојата наставничка да знаеше дека не ги носам секогаш патиките на часот по физичко, бидејќи со брат ми делиме еден пар.

Дете 5: Посакувам мојата наставничка да знаеше дека ми се допаѓа кога доаѓам на училиште, бидејќи тука е тивко, не како во мојот дом со сето тоа викање.

Поминуваме премногу време зборувајќи и осудувајќи го она што мислиме дека го знаеме... Треба да поставуваме повеќе прашања и да поминуваме повеќе време во слушање. Потребно е да го промениме нашиот начин на размислување и да ги видиме нештата од туѓа перспектива. Да даваме повеќе одошто добиваме. Да живееме за да им служиме на другите и да помагаме да се подобри нечиј живот.

Ајде да го оставиме овој живот малку подобар од оној што сме го пронашле.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20853 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.