Почетна » Новости » Занимливости » „Се чувствував ужасно“: Ја преполовила тежината откако стигнала до 117 кг по раѓањето на првото дете

„Се чувствував ужасно“: Ја преполовила тежината откако стигнала до 117 кг по раѓањето на првото дете

Мајка на две девојчиња, која тежела 117 килограми и не била среќна со својот изглед, речиси ја преполови својата тежина по раѓањето на првото дете.

Кесиди Рикенс Кесиди Рикенс

Кесиди Рикенс одлучила да го прекине нездравиот начин на живот за да стане најдобрата верзија од себеси и пример за нејзините деца, за кои вели дека се нејзина инспирација.

Кесиди Рикенс

29-годишната Американка започнала брзо да качува килограми во 2010 година, кога започнала да пие алкохол и да се храни нездраво за полесно да се справи со депресивните мисли.

„Имав многу нездрав начин на живот пред да ослабам. Одев на забави и пиев алкохол два до четири пати неделно, никогаш не вежбав и пушев по една кутија цигари на неколку дена, додека имав ужасна исхрана. Тоа беше циклус во кој бев заглавена – го правев истото нешто секој ден.“

Кесиди Рикенс Кесиди Рикенс Кесиди Рикенс Кесиди Рикенс

„Моето пиење алкохол излегуваше надвор од контрола. Сметав на алкохолот за да ја маскирам мојата депресија, да ги маскирам моите чувства, да ја маскирам физичката болка и да го маскирам светот“ – отворено признава Кесиди.

Нејзината зголемена тежина и лошиот животен стил биле причината што таа започнала да страда од ревматоиден артритис. Кесиди лесно се заморувала и не можела да се движи на долги релации.

„Се сеќавам дека една вечер бев на концерт и за да влезам, требаше да искачам куп скали. Морав да застанувам десет пати зашто бев тотално надвор од форма. Беше понижувачко. Не можев да трчам, да вежбам или да правам каква било физичка активност без екстремно да се задишам“ – вели таа.

Кесиди Рикенс Кесиди Рикенс Кесиди Рикенс Кесиди Рикенс Кесиди Рикенс Кесиди Рикенс

Поради прекумерната тежина, таа постојано била исмејувана и слушала лоши коментари за себе, што дополнително влијаело на нејзината самодоверба.

„Еднаш бев во бар преполн со луѓе. Се пробивав низ толпата најучтиво што можев и едно момче ми довикна ‘Мрдни дебела к*чко’. Бев апсолутно скршена. Друг пат, некој го праша мојот сопруг Дилан: ‘Зошто се состануваш со неа, дебела е!’“.

„Се чувствував ужасно. Не само затоа што не бев среќна со мојот изглед, но и поради тоа што не бев среќна ниту со себе. Се познава кога имаш несигурности и тоа може да го разбуди најлошото во вас. Без засрамена, посрамотена и изгубена. Не можев да поверувам дека си дозволив да стигнам до таа точка во која чувствував дека за мене нема надеж“ – рекла таа.

Кесиди Рикенс Кесиди Рикенс Кесиди Рикенс Кесиди Рикенс Кесиди Рикенс

Кесиди забременила во 2015 година и имала многу непријатна бременост. По раѓањето на ќеркичката, одлучила да се промени и тогаш го започнала нејзиното патување.

„Бев толку голема и ми беше толку неудобно, што отидов да се пораѓам велејќи си себеси: ‘Не повеќе’. Не сакав никогаш повеќе да се чувствувам толку ужасно и мизерно. Две недели по раѓањето на Харли, ги направив промените кои ми беа потребни за да го преобразам мојот живот и никогаш повеќе не погледнав назад“ – вели Кесиди.

Таа тежела 117 килограми кога одлучила да го промени својот живот. Преку физичка активност и здрава исхрана, Кесиди успеала да ја намали тежината за 58 килограми. За првите 29 килограми ѝ требале само 9 недели, но за останатите 29, ѝ биле потребни 2 години.

„Сè уште имам подеми и падови и понекогаш се борам со моите несигурности како и секој друг, но генерално, се чувствувам одлично. Се прифаќам себеси онаква каква што сум, а тоа е тешко да се направи“ – објаснува таа.

Кесиди Рикенс Кесиди Рикенс Кесиди Рикенс Кесиди Рикенс Кесиди Рикенс Кесиди Рикенс

„Постојано се трудам да се подобрувам и да станам најдобрата верзија од себеси. Вежбањето стана составен дел од мојот живот како што е и миењето на моите заби и е во моите приоритети. Луѓето секогаш се инспирираат од тежината која ја изгубив. Велат дека се гордеат со мене и ме прашуваат за совети за слабеење“ – објаснува Кесиди.

Кесиди Рикенс Кесиди Рикенс Кесиди Рикенс

Таа ги советува луѓето да не брзаат и да не очекуваат резултати преку ноќ.

„Обично им велам да живеат од ден за ден. Најдете еден здрав рецепт и започнете да си го приготвувате. Запишете се на фитнес или започнете да пешачите по 30 минути. Секој може да го направи тоа, потребно е само да веруваш дека го можеш. Небото е границата и нема да биде лесно. Но, не можам да си се заблагодарам доволно што се притискав себеси. Ми го промени животот на начини на кои не можев ни да ги замислам. Ме направи личноста која што сум денес и сум горда со таа личност“ – вели таа.

Кесиди Рикенс Кесиди Рикенс Кесиди Рикенс Кесиди Рикенс Кесиди Рикенс Кесиди Рикенс Кесиди Рикенс Кесиди Рикенс

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 22196 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.