Трансформацијата на Џели Дивоут ќе ве остави без зборови, но и ќе ви ја даде потребната мотивација да започнете со подготвување на вашето тело за летнатата сезона.
Девојката, која сега живее во Шефилд, Англија, „стопи“ 25 килограми за да стигне до здрава телесна тежина. Со помош на напорни тренинзи, таа целосно си го трансформираше телото и стана фитнес инспирација за многумина.
„Видов фотографија од себе во бикини и тоа ме поттикна да започнам да го трансформирам моето тело. Се мразев себеси и сметав дека изгледам ужасно“ – изјавила таа.
Искреноста на нејзината баба била последната капка која ја прелила чашата и Џели одлучила целосно да се посвети на својот изглед и здравје. „Баба ми ми рече: Имаш качено многу килограми. А кога твојата баба, која секогаш сака да те „полни“ со купишта храна, смета дека си се здебелила, тоа боли“ – изјавила Џели.
Од тој момент, па се до ден-денес Дивоут редовно практикува физичка активност и води грижа за сè што консумира секојдневно.
„Немав претстава колку многу јадам и никогаш дотогаш не посетував фитнес сала. На крај, тежев над 70 килограми и бев многу нездрава. Генерално, имав нездрав живот“ – вели таа.
Џели има свој блог каде ја споделува својата приказна за да ги мотивира и да им помогне на сите кои сакаат да ослабат или да влезат во фит форма.
„Престанав да пијам алкохол и почнав сама да си готвам храна, за да се осигурам дека секогаш јадам здраво“ – рекла таа. „Сега работам со мојата најголема страст, а тоа е фитнесот“ – објаснила Џели.