Почетна » Новости » Занимливости » Без болка, нема добивка: Упорен маж се збогува со дебелината и стана фитнес модел

Без болка, нема добивка: Упорен маж се збогува со дебелината и стана фитнес модел

Кога Даниел Вилер во 2010 година си поставил цел по 3 години да стане модел за корицата на списанието „Men’s Fitness“, многумина мислеле дека тоа е невозможна мисија.

На денот кога решил да го направи првиот чекор кон својата амбициозна цел, Даниел го купил фитнес списанието. „Се вратив дома и му реков на мојот цимер дека еден ден ќе бидам на корицата. Тој толку многу се изнасмеа што падна од столот – тоа беше стартот на мојата мотивација. Мразам кога луѓето си претпоставуваат дека не можам да постигнам нешто. Па, на почетокот сакав да му докажам дека греши“ – раскажал тој.

Даниел Вилер

30-годишниот Англичанец тежел над 140 килограми и се чувствувал мизерно. Брзата храна нагло ја покачувала неговата тежина, влијаејќи на секој аспект од неговиот живот. „Имав 140 килограми кога сфатив дека е време да направам сериозни промени. Бев нездрав, несреќен и преку глава ми беше од мојот живот. Исто така, неодамна имав раскинато со мојата девојка со која бевме заедно 6 години“ – изјавил Даниел и признал дека речиси секој ден јадел голема пица, по две пакетчиња чипс и пиел по два литра газирани пијалаци.

Даниел Вилер

Својата трансформација Даниел ја започнал со трчање и здрава исхрана, но набрзо потоа започнал да вежба со тегови.

„Важно е да разберете дека градењето на мускули не е лесно – боли. Треба време. Треба многу конзистентност и трпение. Треба многу добра храна. Фразата „без болка нема добивка“ кажува сè. Фокусирајте се на храната и бидете активни. Согорувањето на мастите се сведува на едноставната формула на внесени калории наспроти согорени калории“ – вели тој.

Даниел успеал предвреме да си ја исполни целта и станал модел за „Men’s Fitness“ по само две години од пресвртниот момент во неговиот живот.

Даниел Вилер

„Неверојатно, си ја постигнал целта и на многу луѓе им докажав дека не беа во право. Но најважно беше што бев здрав, среќен, мотивиран и полн со енергија“ – вели Даниел.

Даниел Вилер Даниел Вилер

Сега тој има свој фитнес клуб, каде им помага на лицата со проблеми со тежината да направат суштински промени за подобар изглед и подобро здравје.

Даниел Вилер Даниел Вилер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 21026 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.