Речиси секоја жена копнее да поседува еден од оние огромни гламурозни плакари кои ги гледаме на филмовите.
Грижлив маж ѝ ја исполни токму оваа желба на својата сакана. Родолфо Кабрера го претвори стариот таван во прекрасен плакар за сопругата.
Тој го ремоделираше распаднатиот, неупотребен простор со помош на своите колеги и резултатот е за восхит. Фотографиите од трансформацијата ги сподели неговата ќерка на Twitter и инстантно станаа хит. „Татко ми ѝ изгради плакар на мајка ми на таванот“ – напиша таа.
Родолфо се занимава со ремоделирање веќе 15 години. Тој успеа да го реновира таванот за 3 недели.