Некои љубови траат вечно.
Воен ветеран ќе ви ги насолзи очите со емотивната реакција кога ќе добие перница со ликот на неговата покојна сопруга.
Изненадувањето за 94-годишниот Кен било организирано од негувателка во старскиот дом каде што бил сместен откако таа забележала дека секоја ноќ тој заспива со фотографија од саканата Ада.
„Откако забележавме дека Кен спие со фотографија од Ада, неговата покојна сопруга со која беа заедно 75 години, една од негувателките во старскиот дом го изненади 94-годишниот ветеран од Втората светска војна со специјален подарок“ – пишуваат од старскиот дом „Thistleton Lodge“.