Свадбите изобилуваат со емотивни, хумористични и забавни моменти кои вреди да бидат овековечени. Затоа, бројни професионални фотографи вредно работат за да им создадат што поубави спомени на младенците од нивниот специјален ден.
„This is Reportage“ ги објавија овогодишните победници на натпреварот за спонтани свадбени фотографии. Жирито имало тешка задача да избере 135 најдобри фотографии од повеќе од 13.000 пријавени.
„Без пози, ништо не е исценирано“ – пишува во описот на нивната колекција.