Вработеноста има големо влијание врз склучувањето на брак. Непишано правило е најпрво барем еден од партнерите да си најде работа пред да започнат плановите за свадба.
Токму поради тоа, не е чудно што ново истражување покажало дека 75% од жените не би се омажиле со невработен маж, но исто така, 65% од жените не би стапиле во брак ако самите тие немаат работа.

Овие резултати донекаде го објаснуваат светскиот тренд на одложување на браковите, т.е. луѓето чекаат да се вработат за до кажат судбоносното „Да“.
Иако жените велат дека вработеноста е многу важен предуслов за брак, сепак 91% од жените попрво би се омажиле од љубов, отколку поради пари.
Истражувањето било направено YourTango и ForbesWoman, а еве уште неколку од нивните заклучоци:
- 50% од жените би се омажиле за некој што заработува значително помалку од нив, а 41% не би го направиле тоа.
- 55% би се откажале од кариерата за да гледаат деца ако нивниот партнер го побара тоа од нив, а 28% би го побарале истото од нивниот партнер.
- 42% од жените ако би имале еден час дополнително слободно време, би го потрошиле на себе, а не на својот партнер, пријателите или семејството.
- 77% од жените веруваат дека можат истовремено да имаат и успешна врска и семеен живот и успешна кариера.