Почетна » Новости » Занимливости » 70-годишна невеста која го победи ракот ги покани докторите кои ја лекуваа да ја одведат до олтарот

70-годишна невеста која го победи ракот ги покани докторите кои ја лекуваа да ја одведат до олтарот

Шери Џејмс ја извојува најголемата битка во животот и го доживеа прекрасниот момент да се омажи за својот сакан Бил.

На свадбениот ден, 70-годишната жена ги покани докторите кои ѝ го спасија животот и ги замоли да ја одведат до олтарот.

Фотографиите од свадбата кружат на интернет и будат надеж.

„Рацете на судбината кои ме спасија и ми дадоа време да се омажам. Магично беше што беа таму“ – вели Шери за докторите Ван Морис и Ема Холидеј.

Невеста Невеста

„Како онколози, за жал, поверојатно е да добиеме покана за погреб отколку за свадба. Па, ова беше прекрасна и радосна прослава. Малку е да кажам дека ова никогаш нема да го заборавам. Навистина беше неверојатно“ – изјавила Холидеј.

„Секогаш има причина за надеж, а сметам дека Шери е одличен пример за тоа. Секогаш постои можност да се најде нешто позитивно, дури и во најтешките околности“ – рекол Морис.

Невеста Невеста

Само два месеци откако го запознала Бил, Шери дознала дека има анален рак во трет стадиум.

„Се состанував со Бил кратко време кога ја добив дијагнозата. Тогаш, му кажав дека веројатно е време да раскинеме. 'Јас ќе се справувам со ракот и сметам дека ти треба да одиш да патуваш, како што отсекогаш сакаше.' И тој одби“ – рекла Шери и додала дека Бил без двоумење отишол да биде покрај неа во Тексас, кадешто се лекувала.

Во едно интервју, Шери признава дека Бил чекал на паркингот од болницата секојпат кога таа примала хемотерапија.

Невеста Невеста Невеста Невеста

Среќната двојка се вери во јануари, откако Шери ја доби убавата вест дека го победи ракот.

Невеста Невеста

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.