Илјадници парови ширум светот оваа година беа принудени да ја откажат својата свадбена прослава поради коронавирусот, но сепак, голем дел од нив не дозволија вирусот да ги спречи да запливаат во брачните води.
На празна плажа, во сопствениот двор, во градскиот парк... Младенци споделуваат фотографии од нивните интимни венчавки кои изгледаат послатко и поемотивно од големите веселби.
Нашата свадба беше откажана поради КОВИД-19. Вчера, мојот син ме одведе до олтарот кој го направивме во нашиот дом.
Кога пандемијата ќе ти ја уништи свадбата, наоѓаш плажа и импровизираш.
Требаше да се венчаме во април, но поради вирусот не ни беше дозволено да ја имаме свадбата која ја планиравме. Но, јас сепак ја добив девојката од моите соништа, а таа го доби моето презиме.
Поради коронавирусот, одлучивме денес да одиме во општина, наместо да си создаваме стрес за венчавката која ја планиравме со месеци. Пресреќни сме. Заљубен сум во оваа жена од 4-годишна возраст.
Прекрасна церемонија фотографирана од мојот балкон.
Имавме „КОВИД-19“ свадба во нашиот двор, пред гостите кои беа оддалечени 2 метри во автомобили и ние во живо преку камера ја пренесувавме церемонијата! Најубавиот ден!
Налетав на оваа свадба денес во Централ парк.
Карантинска свадба во Сан Франциско.
Штотуку венчани! Со прстени од 15 долари од Amazon, венчаница која пристигна еден ден претходно и костум кој веќе беше во неговиот плакар.
Свадбена церемонија во болница.
Моравме да ја одложиме свадбата која беше закажана за јуни, па одлучивме едноставно да се земеме во дворот на моите родители за сестра ми, која е во самоизолација, да може да гледа од нејзиниот автомобил.
Моите пријатели се измија раце, се венчаа и церемонијата ја пренесуваа во живо за сите ние да можеме да прославиме со нив.
Бабата на невестата страда од деменција која се влошува, па овој пар одлучи да стапи во брак во нејзината градина.
Овие младенци прекршија само едно „КОВИД-19“ правило на нивната свадба.
Моравме да ја одложиме прославата, но сепак ги потпишавме документите. Се омажив со мојот најдобар пријател.
Венчавка на Zoom.
Букет од тоалетна хартија
Моравме да ја откажеме прославата, но не и нашата свадба.
Свекрва ми ни постави романтична вечера за мене и мојот вереник, на денот на кој требаше да биде нашата свадба.
Алисија и Кристијан планирале мала интимна церемонија, но местото каде требало да се венчаат е затворено.
Наместо да ја одложи свадбата поради коронавирусот, овој пар се венча во продавница „UPS“.
Не беше тоа што го очекуваме, но сепак се венчавме и имавме свадбен оброк.
Не можевме да се венчаме вчера, па дома самите го пресоздадовме свадбеното мени.