Жена ја намалила својата тежина за 54 килограми за само една година, преку промени во нејзиниот начин на живот кои сите можат да ги направат. Сега, таа инспирира илјадници лица да го следат нејзиниот пример.
Киа Твиселман ја започнала својата трансформација пред две години, откако прочитала мотивирачка книга. 27-годишната Американка одлучила да започне да следи пет едноставни правила: Да се буди еден час порано, да се движи 30 минути дневно, да пие многу вода, да води дневник и да практикува интуитивно јадење.
Три месеци подоцна, Киа се радувала на минус 11 килограми на вагата и тоа ја мотивирало да си постави уште повисока цел.
Со помош на физичката активност и промените во исхраната, таа за една година успеала да ја намали телесната тежина за 54 килограми, без да направи чекор во фитнес сала.
„Беше огромен предизвик, но ми донесе големи награди. Не би ја заменила последната година за ништо на светот“ – вели таа.
Сега Киа споделува фотографии „пред и потоа“ и мотивирачки видеа за да им покаже на луѓето дека можат да се променат и дека „ако се сака, сè се може“.
„Подобрувањето на вашиот живот не мора да биде страшна, драстична промена преку ноќ. Тоа треба да биде стремеж кон мали промени кои ќе можете навистина да се придржувате. Започнете со мали чекори и бидете упорни.“
„Ако можам јас, АПСОЛУТНО можете и вие. Сонувајте големи соништа за себе“ – вели таа.