Многу луѓе одбиваат да носат заштитна маска со објаснување дека не можат да дишат преку неа и дека маските се опасни зашто го намалуваат нивото на кислород во организмот.
За да им докаже на сите дека маските се потполно безбедни, докторката Меган Хол направи експеримент. Еве го:
Здраво пријатели! Имам видено бројни постови и сум слушнала луѓе како се жалат дека „не можат да дишат со маска на лицето“ или не сакаат да носат маска затоа што „нивото на кислород драстично опаѓа кога се носи маска“. Исто така, велат дека „маската не те штити од вдишување на вирусот“, но во истата реченица додаваат дека нема да носат маска затоа што „повторно си го вдишуваат издишаниот јаглероден диоксид“. Не сум сигурна како некој може да најде смисла во оваа теорија – верувате дека вирусот може да продре низ маската кога вдишувате, тогаш како може да верувате дека издишаниот јаглерод „заглавува“ во неа?
На вирусите им треба вектор за да се распространат, вектор на КОВИД-19 се респираторни капки. Тие капки не можат да поминат низ правилно носена маска.
Во врска со сето ова, направив експеримент со 4 сценарија. Ја носев секоја маска по 5 минути и ја проверував сатурацијата на кислород (изразена подолу во проценти) заедно со пулсот со помош на неинвазивен пулсен оксиметар. Имајте на ум дека непосредно пред ова носев хируршка маска 5 часа.
Резултати:
Без маска: Сатурација на кислород 98%, пулс 64
Хируршка маска: Сатурација на кислород 98%, пулс 68
Маска N95: Сатурација на кислород 99%, пулс 69
Маска N95 плус хируршка маска (како што носат повеќето здравствени работници): Сатурација на кислород 99%, пулс 69.
Нема значителна разлика меѓу сатурацијата на кислород (или пулсот) во ниту едно сценарио. Иако за некои можеби е неудобно, сè уште можете да дишете.
Како лекар, ве поттикнувам и ве замолувам да носите маска за да се заштитите и себеси и оние кои не можат безбедно да носат маска (многу од моите пациенти, бидејќи се под две години).