Пандемијата со коронавирусот раздели многу парови ширум светот и ги принуди да ја одржуваат својата љубовна врска на дистанца. Со затворањето на границите, бројни партнери останаа разделени во различни држави.
Скот Мармон и Агустина Мотефиори се меѓу тие парови. По 10 месеци поминати одвоени еден од друг, 32-годишното момче од Њујорк и 28-годишната девојка од Аргентина стапија во брак преку Zoom.
Скот и Агустина веројатно се првиот пар кој се венча онлајн преку оваа платформа. Тие добија дозвола за онлајн венчавка од државата Јута.
ВИДЕО:
Скот и Агустина се запознаа во 2017 година, а се верија на почетокот од оваа година. Тие планирале да се венчаат во март, но пандемијата со новиот коронавирус им го уништи тој план.