Почетна » Љубов и секс » Љубовни врски » 17 знаци кои ја потврдуваат неговата љубов кон вас

17 знаци кои ја потврдуваат неговата љубов кон вас

Кога зборовите се премолчени, делата го издаваат она што не го изговараат усните. Доволно е да го набљудувате однесувањето на избраникот во моментите кога се чувствувате како најспецијална личност на светот или кога со жар во очите крои планови за вашата заедничка иднина за да се уверите дека неговото срце чука за вас.

Среќен пар

Еве кои постапки ќе ви „шепнат“ дека ТОЈ дефинитивно е заљубен во вас:

  1. Ве опсипува со комплименти кога најмалку ги очекувате. И кога сте по пижами, без шминка, разбушавена, па и кога нервозно гледате во вагата затоа што покажува неколку килограми плус, тој е ваш обожавател. Вие сте секогаш најубава во неговите очи.
  2. Умее да пронајде нешто позитивно во специјалитетот кој е ваша најголема кулинарска катастрофа. Сѐ со цел да ви покаже дека го цени вашиот труд, дури и кога резултатот не е баш најсјаен.
  3. Ги помни ситниците кои ги спомнувате, а потоа ги користи за да ве усреќи. Често вашето омилено цвеќе се наоѓа во неговите раце, а вашите најдраги песни ги разубавуваат интимните ноќи. Нему не му летаат мислите кога вие зборувате за нештата кои ги сакате.
  4. Вашиот успех е негова гордост. Јасно ви дава до знаење дека вашата среќа е и негова.
  5. Ја покажува до максимум својата смисла за хумор за да ви го обои денот кога единствената боја што вие ја гледате е црната. Дава сѐ од себе за да ве упати кон светлото во тунелот и да ве разведри во најлошите денови.
  6. Ви дава добронамерни критики кога сте сами, но во јавност, тој ви е најголем заштитник. Кога нештата ќе тргнат во лош правец, тој е штитот кој стои меѓу вас и останатиот свет.
  7. Има огромна почит кон вас, дури и за време на жестока расправија. Од неговата уста не излетува навредлив збор за вас, ниту во моментите кога го обзема бес.
  8. Не се плаши да ја „разголи“ својата душа пред вас. Често ви ги доверува своите чувства и безрезервно ви верува. Емоционалната интимност е голем предизвик за мажите, а таа постои меѓу вас.
  9. Ви се јавува со една единствена цел – да ви го чуе гласот. Има ли потопло чувство од тоа кога знаете дека ве побарал без причина?
  10. Со него секогаш се чувствувате како дама, затоа што тој се однесува така кон вас. Неговите џентлменски манири се доказ за тоа колку вредите за него.
  11. Вашето мислење има моќ да ги промени неговите одлуки. Важно му е да го чуе вашето мислење и никогаш не ги отфрла вашите совети без да ги разгледа како опција пред да донесе финална одлука.
  12. Не му е проблем да ја голтне машката гордост и да каже „извини“. Никогаш не ви ја префрла вината вам за неговите грешки.
  13. Ве дочекува со широка насмевка на лицето и тогаш кога доцните.
  14. Вложува напори да ги освои вашите пријатели и вашето семејство. Не му е сеедно што мислат за него вашите блиски. Тој сака да го видат во најдобро светло, тој сака освен вас да го освои и вашиот свет.
  15. Цврсто стои покрај вас е кога сте најсреќни, но и кога сте во најлошо светло. Врските не се состојат само од насмевки и рози, тие понекогаш имаат трња, но тоа не му пречи на вашиот партнер. Тој често знае да подголтне пред вашата нервоза, да издржи додека сте во ПМС и да биде ваше рамо за плачење кога се чувствувате како да ви се руши светот.
  16. Кога зборува за иднината, забележувате дека вие сте во неа. Неговото „јас“ се претвора во „ние“.
  17. Нежно ве бакнува на челото додека спиете без намера да ве разбуди. И понекогаш ужива занесено да зјапа во вас додека патувате во светот на соништата. (Ако го фатите во таков момент, подарете му го најнезаборавниот бакнеж.)

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20779 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.