Љубовта постои во многу форми, облици и големини. Љубовта не е само она чувство кое вљубените партнери го имаат еден за друг, таа е сила на природата која постои насекаде околу нас – меѓу пријатели, браќа, сестри, брачни партнери, родители и деца, млади парови, луѓе и миленици, животни...
Фотографии од целиот свет преку своите објективи се обидуваат да ја доловат љубовта на најдобар можен начин и да го освојат првото место на овогодишниот натпревар #LOVE2019.
Натпреварот е организиран од AGORA. Од вкупно 15.093 фотографии, во финалето се избрани 50 фотографии. Погледнете ги:
„Засекогаш заедно“: Пар во Виетнам

„Секогаш со тебе“: Вдовец ѝ свири на виолина на покојната сопруга на гробишта

„Нераскинлива врска“

„Те сакам“

„Со мама“: Насмеани лица

„Братство“

„Интимност“
Оваа фотографија ги покажува најстарите членови на најстарото индиско племе. Жената десно има 96 години и некогаш беше кралица на племето, а мажот лево има 103 години и ѝ беше телохранител. Подоцна тие се заљубија.

„Вечна врска“

„Љубов меѓу поларни мечки“

„Пријателство“: Овој фотограф и неговиот крзнен миленик заедно патуваат низ Европа

„Стареење“: Утрото започнува со грижа за сопругата

„Додека смртта не нè раздели“

„Жирафи“: Првиот ден на овој свет на бебе жирафа

„Љубов“: Две дечиња во Танзанија

„Приврзаност“: Баба го прегрнува своето внуче

„Татко“


































