Почетна » Љубов и секс » Љубовни врски » 12 скапоцени љубовни лекции

12 скапоцени љубовни лекции

Некои врски раѓаат драгоцени спомени, други бесценети лекции. Љубовта ќе ви донесе романтични моменти и еуфорични емоции кои ќе сакате да ги помните цел живот, но и грешки, тага и болка од кои ќе научите многу.

Љубов

Животот е учител, а еве некои од љубовните лекции кои можеби веќе сте ги научиле од сопствено или туѓо искуство или пак сега за првпат ќе ве поттикнат да размислувате во одреден правец:

  1. Неверството и лажењето не се грешки, туку избори кои личноста свесно или несвесно ги прави. Ако слушнете „Беше грешка, верувај ми“ од неверен партнер, не му дозволувајте да се сокрие зад зборот „грешка“. Луѓето сами избираат дали да ја оправдаат или да ја изневерат довербата која некој друг ја имал во нив.
  2. Понекогаш тишината е најгласниот плач. Ќе дојдете до момент кога партнерот со тишина ќе сака да ви каже „Те молам држи ме за рака, те молам разбери ја мојата болка, те молам биди до мене“. Не ја игнорирајте таа тишина полна со тага.
  3. Презирот и омразата насочени кон бившиот ви штетат вам, а не нему. Ослободете се од негативните чувства, закопајте ги еднаш засекогаш и не дозволувајте да ви го загорчуваат животот. Некои луѓе едноставно не заслужуваат толкав дел од вашата енергија, ниту пак се достојни да ви предизвикуваат какви било емоции.
  4. Само затоа што една врска прекинала, не значи дека не вредела да ја доживеете. Дури и некои од најдобрите врски не траат долго. Луѓето се судираат, се поврзуваат, се разидуваат и се разделуваат. Но, нивната средба, колку и да била кратка, секогаш има смисла и остава спомени кои вредат да бидат врежани во сеќавањата.
  5. Секој бивши дошол во вашиот живот со причина. Некој од нив ве научил како да се бакнувате, некој ве повредил, некој ве научил како страсно да љубите, некој ве искористил, некој ви покажал колку силно можете да се смеете, некој останал повреден од вас... Не заборавајте дека секој од нив на лош или на убав начин придонел за градењето на личноста која сте денес.
  6. Прекумерната љубомора не вели „Те сакам“. Љубомората која ги преминува границите на нормалното може само да задушува и да предизвикува болка или страв, но таа не е доказ за неизмерна љубов.
  7. Во ред е понекогаш да му бидете лути на саканиот, но никогаш да бидете злобни кон него. Паровите кои тврдат дека никогаш не се караат – лажат. Сакале или не, во животот доаѓаат моменти кога различните карактери, сфаќања, убедувања и размислувања создаваат љубовни конфликти. Луѓето прават грешки, никој не е безгрешен. И во таква ситуација, нормално е да чувствувате лутина кон вашиот партнер. Но, кога со голема огорченост ќе започнете да размислувате за одмазда или кога се однесувате злобно, знајте дека сте скршиле некој од темелите на вашата врска.
  8. Грубите и сурови зборови знаат да болат повеќе од физичка болка. Зборовите понекогаш предизвикуваат незамислива болка, која не може ни да се спореди со болката од физичка повреда. Почувствувајте го вкусот на вашите зборови пред да ги пуштите да излезат низ вашата уста и да се упатат кон вашиот сакан. Зборовите се камења кои откако ќе ги фрлите, не можете да ги повлечете назад.
  9. Кога партнерот се однесува лошо спрема вас, речиси секогаш најдоброто решение е да му свртите грб и да си заминете. Ако наидете на партнер кој се однесува кон вас без почит и со потценување или ве третира како предмет, не ја барајте грешката во себе. Не се обвинувајте себеси, бидејќи неговото однесување не говори ништо за вас како личност, туку зборува само за неговиот карактер. Потсетете се дека заслужувајте подобро и заминете без да погледнувате назад.
  10. Никогаш не би требало да сте принудени да се борите за да добиете место во животот на партнерот. Ако тој не ви отвори врата за да влезете во неговиот живот, тогаш можеби треба да се повлечете. Во случај тој да смета дека сте доволно вредни за да ве пушти до себе, тој сам ќе направи место за вас.
  11. Партнерот ќе се однесува кон вас онака како што ќе му дозволите. Можеби не можете да го контролирате него, но во секој случај можете да го контролирате вашето однесување и нивото на вашата толеранција. Почитувајте се себеси за другите да ве почитуваат.
  12. Еден од најголемите и најтешките предизвици во животот е да отстраните некој од вашето срце.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20826 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.