Вирална објава деновиве го обиколува интернетот, учејќи нè на скапоцена лекција за среќата.
Учител донел балони во школото и ги замолил децата да ги надуваат и секое од нив да го напише своето име на еден балон. Потоа, сите балони биле изнесени во ходникот и учителот ги помешал. Учителот им дал на децата 5 минути за секој да го пронајде балонот со сопственото име. Децата истрчале да бараат, но 5 минути поминале брзо и никој не го нашол точниот балон.
Тогаш, учителот им рекол на децата: „Земете го балонот кој е најблиску до вас и дајте ѝ го на личноста чие име е напишано на него“. Не поминале ни две минути, а секој го имал својот балон во рацете.
На крајот, учителот ја истакнал лекцијата која произлегува од овој експеримент:
„Балоните се како среќата. Нема да ја пронајдете ако ја барате само за себе. Но, ако сите се грижите едни за други, брзо ќе ја најдете“.