Почетна » Новости » Занимливости » 10 тајни за среќен живот

10 тајни за среќен живот

Action for Happiness е масовно движење што ги зближува луѓето кои сакаат да учествуваат во создавањето на посреќно општество за сите. Приврзаниците на ова движење тврдат дека постојат 10 клуча за среќен живот.

Среќна женаФизичката активност го подобрува вашето психичко здравје.
  1. Дарувајте. Правете работи со кои ќе им го подобрите животот на другите. Во слободното време волонтирајте за добротворни цели.
  2. Дружете се. Контактирајте со луѓето, поврзете се со пријателите со кои сте се оддалечиле.
  3. Вежбајте. Умот и телото се поврзани. Физичката активност го подобрува вашето психичко здравје. Не за џабе се вели: „Во здраво тело, здрав дух“.
  4. Обрнете внимание на светот околу вас. Застанете и разгледајте околу себе. Ценете ги работите кои ги гледате.
  5. Секогаш учете нешто ново. Учењето нè изложува на нови идеи и ни помага да останеме љубопитни и засегнати. Тоа ни создава чувство дека сме постигнале нешто и ни ја зголемува самодовербата.
  6. Имајте поставени цели кон кои ќе се стремите. Потребно е да имате зацртани цели кои ќе ве мотивираат и кои ви се еден вид на предизвик.
  7. Најдете начин повторно да се исправите на нозе. Сите понекогаш имаме лоши моменти и доживуваме стрес, траума или загуба. Но, иако не можеме да го избереме она што ни се случува, можеме да избереме како ќе го прифатиме. Учете од неуспесите за да можете да постигнувате успеси во иднина.
  8. Мислете позитивно. Фокусирајте се на среќните моменти во вашиот живот и на позитивните емоции како среќа, радост, благодарност, инспирација, задоволство...
  9. Чувствувајте се удобно во својата кожа. Сите имаат добри и лоши страни. Но, не треба да се фокусирате на она што е негативно кај вас, туку треба да се прифатите онакви какви што сте. Само откако ќе започнете да се чувствувате комфорно во својата кожа, ќе можете да бидете среќни.
  10. Станете дел од нешто поголемо. Ако вашиот живот има смисла и ако имате цел, ќе бидете посреќни. А каде се крие смислата? Во различни нешта. За некои луѓе се крие во религијата, за други во тоа што се родители, за трети во тоа што имаат работа која ја сакаат...

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20936 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.