Почетна » Новости » Истражувања » 12 тајни на среќата

12 тајни на среќата

Пронаоѓањето на среќата е животна мисија на многу луѓе. За да ни го олесни трнливиот пат до среќата, Лео Борманис собрал истражувања на 100 експерти по психологија од 50 земји од цел свет и ги претставил во книгата „World Book Of Happiness“.

„Целта на книгата е да им покаже на луѓето дека ако не се среќни, сите други постигнувања во животот не се важни. Сите начини за достигнување на среќата опишани во оваа книга докажано помагаат и се потврдени од видни експерти“ – изјавила Елена Привули, една од авторките кои придонеле за создавањето на книгата.

Среќна жена

Врз основа на истражувања со учество на илјадници луѓе, биле комплетирани инспиративни совети. Еве дванаесет од нив:

  1. Бидете задоволни со она што го имате. Истражувањата покажуваат дека среќните луѓе имаат скромни очекувања и стремежи, го сакаат она што можат да го добијат. Трошиме многу време жалејќи се за работите кои ни се случиле, но тоа е прокоцкано време. За да бидеме среќни, треба да уживаме во она што го имаме.
  2. Уживајте во она што го правите. Среќните луѓе го прават она во коешто уживаат и уживаат во она што го прават... и не го прават тоа за пари и слава. Нема поента да бидете заглавени во работа која ја мразите, опкружени со непријателски настроени колеги, само затоа што имате добра плата. Луѓето забораваат дека треба да бидат среќни и на работа. Многумина ги поминуваат најубавите години од животот обидувајќи се да заработат пари, жртвувајќи го здравјето и семејството. Подоцна, ги трошат истите тие пари за да го поправат своето здравје и за да се зближат со своето семејство.
  3. Живејте за денес. Не жалете за минатото, за неуспесите или за работите кои не се случиле како што сте посакувале. Исто така, не сонувајте за идеална иднина која не постои. Не грижете се за нешто што не се случило. Среќните луѓе живеат за сегашноста. Ако не можете да бидете среќни денес, зошто мислите дека утре ќе биде поинаку?
  4. Изберете ја среќата. Замислете си го вашиот живот како приказна којашто можете да ја редактирате додека ја создавате. За ваквиот флексибилен приод е неопходно позитивно мислење и отворен ум. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои сметаат дека имаат слободен избор и целосна контрола над својот живот се посреќни од луѓето кои веруваат дека многу малку може да се промени со човечка интервенција.
  5. Среќата е во врските. Ја примаме среќата од другите луѓе. Исто како што можат другите да ве усреќат, така и вие можете да усреќите некого. Ценете ги луѓето кои ви се важни. Истражувањата покажуваат дека луѓето во брак се посреќни од луѓето со статус сингл.
  6. Бидете зафатени. Активните друштвени луѓе се најздрави и најсреќни. Останете активни, изградете си голем круг на пријатели и не ги одбивајте поканите за забава.
  7. Не се споредувајте со други. Амбициозноста е здрава и ги прави луѓето среќни. Но, споредувањето со другите може да ги уништи бенефициите на амбициозноста и е корисно само ако учите нешто од него. Фокусирајте се на вашите цели и соништа за да можете да уживате во постигнувањата.
  8. Бидете она што сте. Исто како што не треба да се споредувате со другите, така и не треба да се грижите што мислат другите за вас. Бидете она што сте. Среќните луѓе се спонтани, природни и реални, го велат она што го мислат и чувствуваат. Само ако сте себеси ќе се чувствувате слободно и автентично.
  9. Заборавете ги грижите. Среќните луѓе не се грижат и знаат дека 90% од нештата кои предизвикуваат загриженост никогаш не се случуваат.
  10. Организирајте се. Среќните луѓе планираат и организираат, имаат цели и намери. Единствено можете да го добиете она што го сакате ако најпрво знаете што посакувате.
  11. Мислете позитивно. Среќните луѓе секогаш гледаат на посветлата страна. Успешните спортисти знаат да се фокусираат на победата, а не на поразот. Мораме да се префрлиме од негативниот поглед на светот (чашата е полупразна) на позитивниот (чашата е до половина полна). Мораме да го примениме оптимизмот во пракса.
  12. Ценете ја среќата. Човек може да се „научи“ да биде среќен. Среќните луѓе ги ценат моментите кога се среќни и знаат дека среќата додава години на животот и живот на нивните години.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.