Мелвин и Ненси Луберс на специјален начин ја прославија 70-годишнината од бракот.
91-годишниот маж и 86-годишната жена снимија романтична фотосесија, а за сето тоа била заслужна нивната внука Ана, која по професија е фотографка.
Среќната старица ја облече истата венчаница која ја носела на свадбата. Фустанот пред 7 децении го купила за само 35 долари, а денес има огромна сентиментална вредност.
Брачните партнери споделија совети за среќен брак. „Заборавајте и простувајте и извлечете го најдоброто од вашите животни ситуации“ – рекла Ненси, а Мелвин додал: „Нема да се согласувате секогаш, понекогаш ќе имате несогласувања, но кога ќе имате несогласување, седнувате, разговарате и заедно наоѓате решение“.
Мелвин ја носеше својата војничка униформа.