Вера Ванг и оваа година направи отмена домашна забава за дочекот на Божиќ.
За оваа празнична пригода, 75-годишната дизајнерка избра креација од високата мода на сопствениот моден бренд.
Целата забава беше во пурпурна нијанса, како и новогодишните елки. Токму затоа, нејзините ќерки Сесилија и Џозефин носеа складни пурпурни фустани.
„Го славам мојот 75-ти Божиќ во Мајами. Едно од моите омилени места во светот“ – напиша Ванг.
Сесилија и Џозефин се деца на Вера и нејзиниот поранешен сопруг Артур Бекер.