Саша Ковачевиќ не крие дека ќерката на неговата девојка Зорана ја смета и сака како свое сопствено дете.
Српскиот пејач со слатко видео ѝ го честиташе роденденот на веселото девојче, кое го нарече негова гордост.
„Секогаш вака да се смееме, пееме и сакаме животе мој најубав! Ти си моја гордост и најдобро девојче на светот. Среќен роденден, путеру мој. Те сакам“ – напиша Ковачевиќ во описот на видеото со Искра и Зорана.
„Не ѝ сум биолошки татко, но ја викам мое дете. И утре, кога ќе имам биолошко дете, Искра секогаш ќе биде мое прво дете“ – изјавил Ковачевиќ за Story.rs пред неколку месеци.
Саша и Зорана се во врска од 2017 година. Пред неколку дена, тој изјави дека време е да стапат во брак и дека одамна веќе знае дека тоа е жената со која сака да го помине животот.
Искра е дете на Зорана од бракот со Богдан Срејовиќ.