Дејана Бачко сподели емотивен момент кој не ја остави рамнодушна.
Инспиративната Србинка, којашто е родена без раце, но која успева да се справи со сите животни предизвици, објави видео во кое нејзината мала ќерка ја имитира. Во видеото, Лара става боичка меѓу прстите од нозете и се обидува да слика како Дејана.
„Ова ме расплака“ – напиша гордата мајка, позната на социјалните мрежи како „Девојката со крилја“.
Дејана е академски образована ликовна уметница која слика прекрасни дела. Таа секојдневно се бори за да покаже дека без две раце може да постигне сè што можат и луѓето родени со раце.
Нејзиното видео дефинитивно е доказ дека децата учат од она што го гледаат од родителите и дека се огледуваат на нив.
Бачко и нејзиниот сопруг Марко Нежиќ станаа родители на почетокот од минатата година. Лара наскоро ќе наполни две години.
Тие во моментов уживаат и скијаат на Јахорина од каде Дејана споделува фотографии и видеа.