Бијонсе се врати на сцената за првпат откако Џеј Зи беше обвинет за силување на 13-годишно девојче.
43-годишната пејачка настапи на полувремето на NFL во стадионот НРГ во Хјустон.
За изведбата токму на Божиќ, музичката ѕвезда беше придружувана од својата
Настапот со Блу Ајви:
По настапот, многумина коментираа за висината на Блу Ајви, која ја надмина Бијонсе.
Изминатиот период, актуелна тема во медиумите се тужбите за Џеј Зи, кој е обвинет дека во 2000 година, заедно со Пи Диди силувал 13-годишно девојче.
Џеј Зи преку официјално соопштение ги отфрли сите обвинувања.
„Ми се крши срцето единствено за моето семејство. Со сопругата треба да разговараме со нашите деца, од кои едното е на возраст на која нејзините пријатели сигурно ќе прочитаат во медиумите и ќе прашуваат за вистината зад овие тврдења, и да им ја објасниме суровоста и алчноста на луѓето“ – напиша Џеј Зи.
Покрај Блу Ајви, Бијонсе и Џеј Зи имаат уште две близначиња.