Северина сподели фотографии од бадниковата вечер помината со синот Александар и нејзините најблиски.
52-годишната хрватска пејачка блеска во свечен фустан на фотографиите од Бадник и дочекот на Божиќ кои ги објави заедно со видео од подготовките со нејзината мајка Ана на кое напиша: „Мајка ми е најдобра... и најубава“.
„Среќен Божиќ на сите, со желби сите, како мене, да имате луѓе кои ќе ви бидат поддршка во добро и во зло... Синоќа ги гледав на вечера и си реков себеси – какво богатство“ – стои во описот на фотографиите.
Северина го доби синот Александар додека беше во брак со бизнисменот Милан Поповиќ. Тие се разделија во август 2013 година. Во 2019 година, нејзе ѝ беше одземено старателството, но потоа таа се избори за да си го врати синот.