Мајка од Питсбург ги покажа лузните од двојната мастектомија во фотосесија и опиша колку е тешка бременоста во време на пандемија.
Меган Козиел сподели фотографија на која лежи во када и го гали трудничкото стомаче додека носи заштитна маска. Во описот, таа доловува колку е засташувачко да се биде бремена, а истовремено да се биде во најризичните категории на граѓани поради коронавирусот.
2020 е ужасна година! Живееме толку непредвидлив живот, но за едно нешто немаме сомнеж, а тоа е колку љубов имаме за нашето второ мало чудо.
Да се биде личност која преживеала рак на дојка, бремена и која има повеќе здравствени проблеми по многуте поминати третмани со хемотерапија и зрачење... тоа го прави ова неверојатно страшно време – не само за мене и за моето семејство, туку и за нaшето бебе.
Бремностите во време на корона се различни, всушност незамисливи, исполнети со прашања, анксиозност и неизвесност, едноставно поради сето она што се случува во светот. Има нови правила, нови препораки, очигледните маски. На секој докторски преглед одев сама, исплашена, осамена и телемедицината ми стана нормала.
Немаме идеја што да очекуваме во следните неколку недели додека се наближува терминот за пораѓање... и тоа е апсолутно застрашувачко. Но, како и секогаш, се обидувам да се фокусирам на позитивното од најлошите ситуации.
Затоа, денес ја славам убавината на трудничкото стомаче. Возбудата што мојата ќерка ќе стане поголема сестра и најважно, времето во карантин кое го поминавме како семејство сите овие изминати месеци и кое имаме намера да го одржиме и во периодот кој следи.
На Меган ѝ бил дијагностициран рак во октомври 2015 година, кога имала 26 години.
По 15 рунди со хемотерапија, 33 рунди со радијација и двојна мастектомија, Меган го победи ракот на дојка и е пресреќна што доби можност да основа свое семејство.
Таа имала замрзнато јајце клетки, бидејќи ѝ соопштиле дека хемотерапијата може да ѝ ги оштети јајниците.„Тоа го направив бидејќи хемотерапијата ги оштетува јајниците. Отсекогаш сонував да станам мајка“ – вели Меган.
По 6 месеци обиди за зачнување, Меган забременила со првото дете, ќеркичката Кендра.