Почетна » Новости » Истражувања » 30% од случаите на рак на дојка предизвикани од дебелина

30% од случаите на рак на дојка предизвикани од дебелина

Розова панделка

Ракот на дојка е болест која најчесто се појавува кај жените, но иако ретко, може да се појави и кај мажите. Во нашата држава секоја година се дијагностицираат повеќе од 750 случаи на рак на дојка, па затоа е многу важно да бидеме што повеќе информирани за да се бориме против оваа кобна болест.

Експертите советуваат дека со мали промени и практикување на здрав живот случаите на рак на дојка може да се намалат за една третина. Меѓународната агенција за истражувања на ракот проценила дека 25-30% од случаите може да се избегнат ако жените јадат помалку, а вежбаат повеќе. Но, не се знае дали жените кои веќе имаат прекумерна тежина со слабеење можат да го намалат ризикот за појава на рак.

Современиот начин на живот, кој вклучува редовна консумација на алкохол, минималната физичка активност и дебелината се причини за зголемениот број на заболени. Истражувањата покажуваат дека прекумерната телесна тежина го зголемува ризикот за појава на рак на дојка со 50%, а консумацијата на една чаша вино дневно ги зголемува шансите за појава на рак со една петтина.

Исто така, постојат убедливи докази дека доењето го намалува ризикот од појава на рак на дојка кај мајката.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20785 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.