Почетна » Новости » Занимливости » 23-годишна девојка измисли тест за рак на дојка кој се прави дома откако мајка ѝ се бореше со болеста

23-годишна девојка измисли тест за рак на дојка кој се прави дома откако мајка ѝ се бореше со болеста

Џудит Хиро Бенет од Шпанија измисли тест за детекција на рак на дојка кој може да се направи дома. 23-годишната инженерка ја создаде „The Blue Box“ (Сината кутија), откако на нејзината мајка ѝ била дијагностицирана оваа болест.

Изумот на младата девојка е лесен за користење. Во кутијата се поставува примерок од урина, каде што со помош на сензори и алгоритам се откриваат рани знаци на рак.

„The Blue Box“ дава 95% точни резултати за 30 секунди и може да се користи од повеќе лица. Прототипот бил создаден за само 60 долари.

Џудит Хиро Бенет The Blue Box

„На речиси 2 милиони жени годишно во светот им е дијагностициран рак на дојка. Знаеме дека тука има проблем, но не се прави многу за да се реши тоа. Го имаме мамограмот, но многу жени се жалат дека тестирањето со мамограм е многу болно, што е една од главните причини поради кои 40% од жените во Америка го избегнуваат тестирањето“ – вели Џудит.

Џудит Хиро Бенет Џудит Хиро Бенет

Џудит ја доби наградата „James Dyson“, која им се доделува на лица чии идеи и изуми се на пат да решат големи проблеми.

Џудит Хиро Бенет Џудит Хиро Бенет

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20935 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.