Почетна » Новости » Занимливости » „Браво за татковците на девојчиња кои гледаат филмови со принцези и дозволуваат малите рачиња да им ги лакираат големите нокти“

„Браво за татковците на девојчиња кои гледаат филмови со принцези и дозволуваат малите рачиња да им ги лакираат големите нокти“

Татковците честопати ги оставаат настана своите активности, за да си играат со своите ќеркички игри кои се типични за девојчињата.

Мајка од Америка упати писмо полно со пофални зборови за татковците на девојчиња, заблагодарувајќи им се што му даваат поголема убавина на зборот ТАТО.

Прочитајте го нејзиниот текст:

Татко и ќерка

Пофалби за татковците на девојчиња.

За момците кои обожаваат планинарење и рибарење.

Кои кампуваат и градат со сопствените раце.

Кои имаат тетоважи на рацете.

Браво за мажествените момци, кои сега држат мало девојче.

Фала што ги паузирате боречките мечеви за да одржувате забави со чај.

Фала што сте бејбиситери на малите кукли.

И што дозволувате малите рачиња да ги лакираат вашите големи нокти.

Браво за татковците кои гледаат филмови со принцези.

Кои танцуваат бавно во кујната.

Татковците кои помагаат во откажувањето од помошните тркала.

Кои ги затегнуваат безбедносните појаси во автомобилот и го прицврстуваат седиштето.

Кои ја држат за рака својата малечка додека поминуваат улица.

Кои поминале многу години, учејќи како да ги држат блиску до себе своите малечки и ќе го поминат остатокот од животот, учејќи како да ги пуштат да си одат.

Кои градат срца со нивните градежни раце.

Познавам едно мало девојче кое ви се восхитува.

Па, да ги пофалиме татковците на девојчиња.

Кои му даваат толку многу убавина на зборот ТАТО.

Татко и ќерка Татко и ќерка

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 22195 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.