Времето за семејството е скапоцено за Мајкл МекГваер.
Вредниот рудар работи долги часови под земја 6 дена во неделата, па кога ќе има време за активности со децата, не сака да пропушти ниту една минута. Фотографија од посветениот татко стана вирален хит на интернет откако беше споделена на Twitter.
На неа Мајкл, прекриен со саѓи од работата во рудникот, следи кошаркарски натпревар на Кентаки Вајлдкетс со 3-годишниот син Истон. Не сакајќи да го пропушти спортското случување, тој дошол директно од рудникот за јаглен каде што работи, облечен во работната униформа.
Мајкл во детството одел на сите кошаркарски натпревари на кои играле Кентаки и е нивен голем фан. Тој одел заедно со својот татко, а сега со возбуда чекал да ја продолжи традицијата со своето дете.
Фотографијата била споделена од тренерот Џон Калипари, кој не останал рамнодушен кога го видел дуото татко-син.
„Американскиот сон на моето семејство започна во Кларксбург, во рудникот за јаглен, така што оваа фотографија ме тргона. Според она што ми беше кажано, таткото брзал по смената во рудникот да биде со неговиот син и да го гледа нашиот тим. Не знам кој е тој, но за него и за неговото семејство имам ВИП билети“ – напишал тренерот Калипари.
My family’s American dream started in a Clarksburg, WV coal mine, so this picture hits home.
— John Calipari (@UKCoachCalipari) October 24, 2022
From what I’ve been told, after his shift, he raced to be with his son & watch our team. Don’t know who this is, but I have tickets for him & his family at Rupp to be treated as VIPs!! pic.twitter.com/a5BJXUnK2v
Објавата брзо се распространи на социјалните мрежи и во медиумите, а Мајкл доби лавина од позитивни коментари:
„Изгледа изморено од работењето цел ден, но и покрај тоа е присутен за неговото малечко“.
„Овој човек се појавил, ја покажал својата поддршка, ја покажал својата љубов... Ова дете ќе се сеќава на тоа повеќе отколку да му рече дека го сака... секогаш покажувајте ја љубовта“ – се дел од коментарите.
По бројните реакции, неговата сопруга во коментар напиша дека тој ден на Мајкл започнал во 4:45 часот наутро.
„Мојот неверојатен сопруг го започна денот во 4:45 часот тоа утро и работеше цел ден. Потоа возеше директно до арената за да се сретне со нас и да ужива во натпреварот со нашиот син! Благословени сме со ваков неверојатен маж и сме повеќе од благодарни. Те сакаме наш рудару“ – напиша Моли.
Подоцна во интервју, Мајкл рекол:
„Не сакав да го пропуштам натпреварот. Веќе имам пропуштено неколку работи“.