Почетна » Новости » Занимливости » 3-годишно детенце му го заклучило iPad-от на татко си за 48 години

3-годишно детенце му го заклучило iPad-от на татко си за 48 години

Ако вашето мало дете има достап со вашиот iPad, можеби е подобро да ја отстраните лозинката.

Татко стана вирален хит на Twitter откако сподели дека неговото 3-годишно дете му го заклучило iPad-от за 25 милиони минути, обидувајќи се повторно и повторно и повторно да го вклучи уредот.

„Уф, ова изгледа лажно, но тоа е нашиот iPad откако нашето 3-годишно дете се обиде многупати да го отклучи. Идеи?“ – напиша Иван Оснос на популарната социјална мрежа.

АјПед

Во коментарите, „твитерџиите“ му објаснија дека или ќе треба да чека 48 години за да го отклучи iPad-от или ќе мора да го ресетира, враќајќи го во неговата фабричка состојба.

Да се надеваме дека тој немал важни податоци во уредот и да извлечеме поука никогаш да не го оставаме нашето дете без надзор со iPad-от.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20789 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.