Пар, кој планирал да има второ дете, неочекувано добил уште два пара идентични близнаци.
Хана и Мајкл Кармек, кои имаат 8-годишна ќерка, го добиле најголемото изненадување за време на првиот преглед со ултразвук.
„Морав да ја убедам Хана дека е добра идеја да имаме второ дете. Замислете како реагираше кога дозна дека ќе имаме четири“ – рекол Мајкл и додал: „Мојата жена е рок ѕвезда“.
Хана, која по професија е ветеринар, веднаш на екранот од ултразвукот видела дека носи повеќе бебиња, но не ни помислувала дека се ЧЕТИРИ.
„Таа праша дали се близнаци, но техничарката за ултразвук не рече ништо. Потоа Хана праша дали се три, а техничарката ја стави раката на нејзиното колено и рече: ‘Душо, четири се’. Јас почнав да се смеам. Хана започна да плачее“.
„Знаете, јас отсекогаш сакав големо семејство, но тоа не беше сонот на Хана“ – објаснил Мајкл.
Да се зачне четворка по природен пат е вистинска реткост, но уште поголема реткост е да се зачне со два пара идентични близнаци.
По прегледот, парот се упатил во црква и разговарал со свештеник. Мајкл вели дека тоа бил моментот кога Хана сфатила дека е ова не е нормално, но дека Бог ги избрал нив со некаква причина.
Евелин, Аделин, Мајкл и Даниел се родиле во 27. гестациска недела и ќе останат во болница до нивниот термин за раѓање кој требаше да биде во јуни. Сите бебиња во моментов дишат сами и се во одлична здравствена состојба.
Мајкл вели дека е изненаден од начинот на кој Хана се справува со четири новороденчиња.
„Хана ги убедува сестрите да ѝ дозволат да држи повеќе од едно бебе, бидејќи знае колку е важно тие да ја слушаат и чувствуваат. Има поврзаност со сите бебиња како никој друг“ – рекол тој.