Татко, кој копнеел да има ќерка, доби четири бебиња одеднаш од кои само едното е женско.
Ракел и Дариус Толвер во кратко видео на TikTok ја раскажаа нивната приказна и станаа вирален хит.
„Мојот сопруг отсекогаш сонуваше да биде татко на ДЕВОЈЧЕ“ – пишува Ракел на почетокот од видеото.
@rctolver #ohno #fyp #ohnono #quadruplets #momof5kids #genderreveal #girldad ♬ Oh No - Kreepa
Дариус потекнува од семејство во кое нема многу женски деца. Речиси сите негови блиски личности имаат момчиња, па тој посакувал еден ден да има ќерка.
Првото дете со сопругата го добиле во 2020 година и било момче, па веднаш посакале да имаат второ со надеж дека ќе биде ќерка. Бидејќи Ракел има синдром на полицистични јајчници, докторот им препорачал да користат процедура наречена интраутерина инсеминација.
„Нашите шанси за зачнување беа помали од 10%. На денот кога отидовме на преглед, докторот ни рече да не се разочаруваме“ – рекла мајката.
За среќа, процедурата била успешна и на првиот преглед со ултразвук, парот откри дека очекува не едно, не две, не три, туку четири бебиња.
„Започнав да го губам разумот. Бев во шок. Се прашував како се случи ова“ – рекла Ракел.
@rctolver #Quadrupletreveal #genderreveal ♬ original sound - Raquel Tolver
@rctolver In honor of making it to 24 weeks pregnant with the Quadruplets! Comment any questions you may have about our journey and ill be happy to answer during a Q&A! Happy VIABILITY week! #Infertility #ExpectingQuads #Pregnancy #viabilityweek ♬ Beat Automotivo Tan Tan Tan Viral - WZ Beat
На забавата за откривање на полот на бебињата, Дариус откри дека неговата желба да добие ќерка конечно ќе се оствари.
Четирите бебиња се родија на 23 март оваа година во 26-тата гестациска недела. Тие сега се дома покрај братчето и родителите.