Почетна » Новости » Занимливости » „32 недели внатре и 32 недели надвор“: Мајка на четворка прикажува како изгледа животот со 5 деца

„32 недели внатре и 32 недели надвор“: Мајка на четворка прикажува како изгледа животот со 5 деца

Мајка на пет деца со фотографии и видеа прикажува како изгледа животот со четворка и едно поголемо дете.

Британи Скот стана хит со фотографиите на кои прикажува како изгледал нејзиниот стомак пред породувањето во 32-рата недела од бременоста и како изгледале бебињата 32 недели по раѓањето.

Британи Скот

Неодамна, таа ја пресоздаде истата фотографија.

„Да држам бебиња тешки 41 килограм, кои некогаш заедно беа во мојот стомак, ме исполнува со силни емоции. Многу сум благодарна што сите се здрави и среќни и не можам да посакам ништо повеќе“ – пишува Британи.

Британи Скот Британи Скот Британи Скот Британи Скот Британи Скот Британи Скот

Британи забременила со четири бебиња откако искусила спонтан абортус во јуни 2020 година. На првиот преглед со ултразвук се молела бебето да е здраво, а подоцна открила дека носи не само едно, туку четири бебиња.

Трите женски и едното машко бебенце се родија на 28 април 2021 година во 32-рата гестациска недела. Тие поминаа одредено време во одделот за неонатална интензивна нега, но сега одлично се развиваат и напредуваат.

„Горда сум што издржав до 32-рата недела, но постојано бев загрижена за нивното здравје. Кога би можела да се вратам назад, би си рекла да не се грижам толку многу и да верувам дека сè ќе заврши како што треба. Среќна сум што имаме четири преубави и здрави деца“.

„Постојано зборуваме за тоа колку забавно ќе ни биде кога ќе пораснат и ќе започнат да ги покажуваат нивните карактери. Сметаме дека вечерата секогаш ќе ни биде забавна. Дефинитивно ќе биде авантура“ – вели среќната мајка.

Британи Скот Британи Скот Британи Скот Британи Скот Британи Скот Британи Скот Британи Скот Британи Скот Британи Скот Британи Скот Британи Скот Британи Скот Британи Скот

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20930 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.