Почетна » Новости » Животни стории » Тајна порака со мудри зборови од девојче кое ја изгуби битката со рак

Тајна порака со мудри зборови од девојче кое ја изгуби битката со рак

Атина Орчард минатата седмица го напушти овој свет, но зад себе остави мудри зборови кои допреа до срцата на милиони лица.

Само неколку дена по смртта на 13-годишната Британка, нејзиниот татко неочекувано пронашол тајна порака на задната страна на огледалото во нејзината соба. Пораката од околу 3.000 мудри зборови сведочи за позитивниот став кон животот на Атина во месеците по страшната дијагноза остеосарком (рак на коски).

Атина

Атина дознала дека има рак во декември минатата година и во периодот кој следувал, таа преживеала тешка операција за отстранување на тумор од ‘рбетот и била подложена на хемотерапија. И покрај сѐ, таа ја изгубила мачната битка со болеста.

Кога таткото на Атина започнал да ја чита скриената порака, бил надвладеан од силни емоции и не можел да ги задржи солзите. „Започнав да читам, но морав да прекинам, бидејќи тоа беше премногу, ми се кршеше срцето“ – изјавил таткото Дин.

Пораката зад огледалото била тајна која Атина не ја споделила со никој друг. „Таа секогаш беше позитивна, дури и кога беше на болница се грижеше за мене, се грижеше дали сум најадена и ми велеше да не плачам... Ќе го чуваме огледалото засекогаш. Тоа е дел од неа кој можеме да го зачуваме во куќата, засекогаш ќе остане во нејзината соба“ – изјавила мајката на Атина.

АтинаРодителите на Атина, Каролин и Дин, кои имаат уште шест ќерки и три сина

Еве дел од писмото кое Атина го остави зад себе:

Среќата зависи од нас самите. Можеби не е најважен среќниот крај, можеби поважна е самата приказна.

Смислата на животот е живот со смисла.

Среќата е насока, а не дестинација. Ви благодарам што постоите. Го знаете моето име, но не и мојата приказна.

Љубовта е како стакло, изгледа толку убаво, но лесно може да биде скршена.

Љубовта е ретка, животот е чуден, ништо не е вечно и луѓето се менуваат.

Секој ден е специјален, па користете го максимално. Можно е утре да добиете смртоносна болест, па извлекувајте максимум од секој ден.

Животот е лош само ако вие го направите таков.

Никогаш не се откажувајте од нешто на кое помислувате секој ден. Јас сакам да бидам таа девојка која ги прави лошите денови подобри и онаа која ќе ве натера да кажете „мојот живот се промени откако ја запознав!“

Во љубовта не е важно колку пати ќе кажеш „Те сакам“, важно е колку можеш да докажеш дека тоа е точно.

Запомнете дека животот е исполнет со подеми и падови. Подемите губат значење без падовите.

Љубовта е како ветерот, можеш да ја почувствуваш, но не можеш да ја видиш.

Љубовта не е за оној со кого можете да се замислите во иднина, туку за оној без кого не можете да си го замислите животот.

Само јас можам да си судам себеси.

Не брзајте да ми судите, вие само го гледате она што јас избрав да ви го покажам... вие не ја знаете вистината. Само сакам да се забавувам и да бидам среќна без да ми биде судено.

Нема потреба од плачење, бидејќи знам дека ќе бидете покрај мене.

Животот е игра за сите, но љубовта е наградата.

Атина

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20794 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.