Почетна » Новости » Животни стории » Тагата и верноста на едно куче во една тажна фотографија

Тагата и верноста на едно куче во една тажна фотографија

Кучињата се најдобрите, но и најверните пријатели на човекот. Оваа тажна фотографија е уште еден доказ за тоа.

Фотографијата е сликана на погребот на војник кој загинал во Авганистан. Неговото куче Хоуки не го напуштило дури ни по смртта и во текот на емотивниот погреб лежело покрај неговиот ковчег.

Хоуки пред ковчегот на Џон ТамилсонХоуки пред ковчегот на Џон Тамилсон

Братучетката на покојниот војник, Лиза Пемблтон, го сликала кучето за да може да ја сподели срцепарателната глетка со своите блиски роднини кои не можеле да присуствуваат на погребот.

„Хоуки беше/е неговиот верен „син“... Не планирав да сликам ништо... Но, се почувствував задолжена да ја направам оваа фотографија за да ја споделам со членовите на семејството кои не можеа да дојдат или не можеа да го видат она што јас го гледав“ – изјавила таа.

Денес фотографијата растажи илјадници луѓе низ цел свет.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20785 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.