Кучињата се добро познати по својата верност. Во изминативе неколку дена милиони луѓе се восхитуваа на приказната за верниот црн лабрадор кој не го напуштал телото на фатално повреден златен лабрадор на средина на прометна улица.
Случаен возач ги забележал двете кучиња на патот и веднаш видел дека повредите на главата на златниот лабрадор се фатални. Женскиот црн лабрадор храбро седел до својот пријател и покрај тоа што до нив постојано поминувале автомобили. Минувачот поставил конуси за да им сигнализира на останатите возачи да внимаваат и со својот мобилен го снимил тажното храбро куче.
„Кога го видов видео клипот снимен со мобилниот телефон на минувач, се растажив“ – изјавила Марсија Маједа, директор на засолништето за животни во Болдвин парк.
Кучињата веднаш биле тргнати од прометната улица и одговорните служби го опсипале црното куче со љубов.
„Ги зедовме двете кучиња и храброто куче, кое нашиот персонал и доброволците го крстија Грејс, ќе биде дадено на посвојување“ – дополнила таа.
Грејс веќе е посвоена од сопственик кој имал потреба од толку лојален пријател.