Видеото од мало куче коешто неуморно трча по амбулантното возило кое го пренесува неговиот сопственик до болница ќе ве растажи, но и ќе ви го стопли срцето.
Постапката на верното куче снимено во Бразил е уште еден доказ дека кучето е најдобар пријател на човекот.
Според локалните медиуми, кучето било до сопственикот кога тој доживеал епилептичен напад. Кога амбулантното возило тргнало кон болница, кучето започнало да трча и не покажувало знаци дека ќе се откаже. Трогнати од решителноста на кучето, медицинските лица во еден момент го пуштиле внатре во возилото.
На патот до болница кучето седело тивко и трпеливо покрај својот сопственик, што го изненадило болничкиот персонал.
„Го работам ова 19 години и никогаш досега немам видено нешто слично. Немам видено ваква реакција во целата моја кариера. Не можевме да поверуваме колку послушно беше кучето. Само седеше тивко и трпеливо покрај сопственикот во амбулантното возило сè до болница“ – пишува MailOnline, цитирајќи член на медицинскиот персонал кој го снимил видеото.
На крајот на видеото, кучето е снимено во болницата покрај онесвестениот маж.