Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Верно куче редовно оди во црквата каде бил погребот на сопственичката

ФОТО: Верно куче редовно оди во црквата каде бил погребот на сопственичката

Верно куче од Италија нè потсетува колку може да биде силна врската помеѓу луѓето и животните. Откако неговата сопственичка починала пред два месеца, 12-годишниот германски овчар Томи секој ден ја посетува црквата во која била одржана нејзината погребна церемонија.

Кучето Томи

Марија Маргарита Локи живеела заедно со Томи и уште три други кучиња, кои биле скитници пред таа да им даде дом. Но, од сите кучиња, најсилна врска имала со Томи кој ја следел насекаде.

Кучето Томи

На денот на нејзиниот погреб, Томи го следел ковчегот и присуствувал на мисата одржана во црквата Санта Марија Асунта во Сан Доначи, Југоисточна Италија. Оттогаш, секој ден кога ќе ги слушне камбаните, кучето влегува во црквата и легнува пред олтарот.

Кучето Томи Кучето Томи

Отецот Донато Пана изјавил дека кучето секогаш се однесувало примерно и никогаш не лаело во црквата. „Му дозволувам да седи внатре бидејќи се однесува многу добро и никој ми се нема пожалено од него“ – изјавил тој.

Кучето Томи Кучето Томи

Кроткоста и лојалноста на Томи ги освои срцата на жителите на Сан Доначи, па сите заедно се грижат за него.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.