Прекрасна вест одекна на Детската клиника во Скопје. Малиот Кико ја победи тешката болест и си замина дома.
Среќното момче заѕвони на ѕвончето за да ја означи својата победа.
„Среќа е, да споделиш Среќа.! И на крај навистина ги надминавте најтешките и најболните моменти. По тој трнлив тежок и долг пат кој го поминавте вие, само храбрите, силните и Хероите го поминуваат и победуват! Вие сте гордост, вие сте ХЕРОЈ! ?А Кико силен Борец и најголем Суперхерој!! Да ми сте здрави, живи да ми живеете секогаш среќни и во добро здравје ХЕРОИ наши“ – пишува Марта Стојковска на објавата која беше споделена од организацијата САНО.