Почетна » Новости » Занимливости » 18-годишна девојка, која пред 4 години го победи ракот, го фати крстот во Земун

18-годишна девојка, која пред 4 години го победи ракот, го фати крстот во Земун

Девојка, која извојувала победа над ракот, го фати светиот крст во Земун, Србија. Сите 242 мажи кои заедно со неа биле учесници во настанот отстапиле и како вистински џентлмени, ѝ дозволиле прва да дојде до крстот.

Јована Лепосавиќ

18-годишната Јована Лепосавиќ победата на Водици им ја посвети на сите оние кои се борат со рак и на оние кои, за жал, ја изгубиле таа битка.

„Ви благодарам на сите кои учествувавте и ми дозволивте прва да стигнам до крстот. Оваа победа многу ми значи, бидејќи им е посветена на другарите кои се лечат од рак и на оние кои нè напуштија во изминатите 2-3 години“ – изјави таа низ солзи по победата.

Видео

„Убаво е што уште еднаш ни е покажано дека ова не е трка, дека тука сите се победници и дека тука се плива со една братско-сестринска љубов и дека на ова место се изразува христијанската љубов, која е дел од сите нас“ – рече водителката на настанот.

Јована е родена на 20 јануари 2001 година и е крстена по светецот Св. Јован Крстител. Пред 4 години нејзе ѝ бил дијагностициран рак, но успеала да победи во битката со таа лоша болест.

Јована Лепосавиќ

Смелата девојка е дел од Женскиот фудбалски клуб „Црвена ѕвезда“ и е прва припадничка на понежниот пол која го фатила крстот во Земун.

Од клубот споделија фотографија од Јована за време на лекувањето од рак и од Водици за да покажат дека се гордеат со неа.

На Facebook, Јована им се заблагодари на сите за поддршката и сподели фотографии од Водици.

Јована Лепосавиќ Јована Лепосавиќ Јована Лепосавиќ Јована Лепосавиќ Јована Лепосавиќ Јована Лепосавиќ

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.