Седум деца, кои ги изгубија родителите во сообраќајна несреќа, добија шанса за нов живот откако беа посвоени во прекрасно семејство.
Пем и Гери Вилис одлучија да ги посвојат трите девојчиња и четирите момчиња кога видоа сторија дека сите тие за чудо ја преживеаја несреќата во која загинаа мајка им и тато им. Тие биле исфрлени од возилото кое излетало од автопатот.
Немајќи други роднини кои би се грижеле за нив, децата биле ставени во системот за посвојување со ризик да бидат разделени во различни домови. За среќа, благодарение на Пем и Гери, тоа не се случило.
„Кога ја видов веста, многу се растажив. Само ги гледав и ги гледав, им ги гледав лицата, го гледав видеото два-три пати и започнав да си мислам дека ова би можеле да бидат мои деца. Видов дека се седум и помислив дека никој ќе нема место за нив. Мојата втора помисла беше дека јас имам место за нив“ – рекла Пем која е мајка на пет пораснати биолошки деца, кои веќе не живеат со нив, и е баба на шест внуци.
„Се роди инстантна љубов во првиот момент кога ги запознавме. Со Гери можевме да видиме дека тие се прекрасни деца и знаевме дека постапуваме правилно. Благословени сме што имавме можност да го направиме ова што го направивме. Беше забавно кога ги донесовме дома и можевме да им кажеме дека ова засекогаш ќе биде нивен дом. Сите се многу среќни и покажуваат благодарност за она што го направивме за нив.“
„Најголемото од децата, Аделино, неодамна ми рече: ‘Благодарам што ни го дадовте овој живот’. Ништо не се споредува со тоа чувство. Децата се прекрасни и обожаваме што ги имаме околу нас“ - дополнила мајката.
„Во ниту еден момент не погледнавме назад и не се посомневавме во правилноста на нашата одлука“ – рекла Пем.
Процесот на посвојување бил комплетиран во август 2020 година.