Фотографии од деца направени на денот на нивното посвојување ќе ви го згреат срцето. По бројни денови минати под кровот на семејства кои привремено ги згрижиле, тие конечно ги добиле документите за посвојување, а нивната среќа е овековечена во слатки фотографии.
За фото-серијалот, покрај децата е поставена табла на која е испишан бројот на денови кога биле згрижени од семејствата пред официјално да го добијат нивното презиме.
Непрофитната организација „Together We Rise“ ги споделува фотографиите на популарни социјални мрежи како Instagram и Facebook. „Постојат толку многу негативни стереотипи за децата кои се привремено згрижени од семејства, но тие се само деца кои сакаат семејства полни со љубов и постојат семејства кои се борат за нив“ – изјавиле од организацијата.