Почетна » Новости » Животни стории » Отишла на доктор поради болки во грбот... по 6 часа се породила

Отишла на доктор поради болки во грбот... по 6 часа се породила

Приказните за мајките кои се породиле без претходно да знаат дека се бремени секогаш предизвикуваат зачудување. Таков е случајот со Кејли Ренвик која посетила доктор затоа што имала неподносливи болки во грбот, а неколку часа подоцна родила девојче.

24-годишната Англичанка, која веќе имала една ќеркичка, добивала менструација во текот на целата втора бременост, а освен тоа и ослабела, па ништо не ѝ кажувало дека во неа расте нов живот.

„Читаш за жени кои не сфатиле дека се бремени и си мислиш: Како може да не знаете? Немав ниту количка, ниту креветче, ништо. Сè дадов откако порасна Грејс бидејќи бевме решени дека нема да имаме друго бебе“ – изјавила таа.

Кејли со малата Луси и сопругот ДаниелКејли со малата Луси и сопругот Даниел

Кејли се шетала в парк заедно со својот сопруг Даниел и двегодишната ќерка Грејс кога почувствувала силни болки во грбот. На почетокот си помислила дека се работи за инфекција на бубрезите, па посетила доктор. Додека ги чекала резултатите од рутинскиот тест на урина, докторот ја прашал во кој месец од бременоста е моментално. Изненадената Кејли веднаш му одговорила дека не е бремена, но и покрај тоа била испратена в болница за ултразвук.

„Ако ми речеа дека сум во четвртиот месец од бременоста, ќе можев некако да се прилагодам и да поверувам, но тие ми кажаа: имаме добра вест, има бебе и си отворена 8cm. Не можев да поверувам. Моето тело падна во шок и започнав да повраќам. Добивав менструација во текот на целата бременост, а во февруари бев болна неколку пати, па направив тест за бременост и беше негативен. Немав никакви симптоми“ – раскажала таа.

ЛусиЛуси

Кога во мај Кејли отишла на доктор, веќе го имала пречекорено предвидениот термин за породување со цели пет седмици. Малата Луси се родила со тежина од 3,4 килограми со многу сува и испукана кожа.

На шестмесечната Луси ѝ е дијагностициран потежок облик на плагиоцефалија и брахицефалија, што предизвикува деформација на главчето. Родителите на Луси собираат средства за да можат да купат специјален заштитен шлем кој ќе го реши овој естетски проблем.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20785 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.