Почетна » Новости » Животни стории » „Не знаев дека сум бремена“: Жена се породила на вц школка, мислела дека страда од запек

„Не знаев дека сум бремена“: Жена се породила на вц школка, мислела дека страда од запек

Марла МекЕнтајр влезе во мајчинскиот свет сосем неочекувано. 34-годишната Американка не знаела дека е бремена и го родила своето бебенце додека била во тоалетот.

Таа мислела дека болките во стомакот ѝ се предизвикани од запек, па пред да се породи, неколкупати го посетувала тоалетот. Додека била на вц школката, на нејзино големо изненадување ѝ се родило синчето Атлас.

„Погледнав надолу во ВЦ школката и тој беше таму со вода до ушите, веднаш под брадата. Ме гледаше како да ми вели ‘Мамо, ќе ме извадиш ли од овде?’“ – раскажала Марла.

Марла МекЕнтајр

За време на бременоста, Марла немала видливо трудничко стомаче и тежела 72 килограми, па воопшто не се сомневала дека во неа расте нов живот. „Изгледав како да имам изедено големо бурито. Неверојатно е како можеше да биде таму, а јас да не знам за тоа“ – рекла таа.

Марла се посомневала дека е бремена во август минатата година, кога всушност била во третиот месец од бременоста. Но, тестот за бременост ѝ испаднал негативен, па ја исклучила можноста дека е во блажена состојба. „Не почувствував ниту едно мрдање – не почувствував ништо“ – дополнила новата мајка.

Марла МекЕнтајр Марла МекЕнтајр

Еден месец пред породувањето, таа почувствувала болки во карлицата, за што направила неколку лекарски консулатации, но никој не се посомневал дека носи бебе.

МекЕнтајр за контрацепција користела таблети и само еден месец ѝ прескокнал менструалниот циклус, па токму затоа упорно ја исклучувала можноста за евентуална бременост.

Марла МекЕнтајр Марла МекЕнтајр

Ноќта на породувањето, со неа дома бил нејзиниот татко. Бебенцето се родило 30-тина минути пред неговиот роденден.

Марла МекЕнтајр

Таа сега ја споделува својата приказна во видеа на TikTok.

@marla_mactastic Yall ever seen that TV Show “I didnt know I was pregnant”? Yeah…I lived that. #fyp #foryoupage #foryourpage #ididntknowiwaspregnant #putafibgerdownchallenge #putafingerdown #newmom ♬ original sound - Marla McEntire
@marla_mactastic Story time! Part 1 #fyp #foryou #foryoupage #foryourpage #ididntknowiwaspregnant #storytime #newmom #boymom ♬ original sound - Marla McEntire
@marla_mactastic Storytime: my dad was my midwife #fyp #foryou #foryoupage #foryourpage #ididntknowiwaspregnant #storytime #newmom #boymom #newmommy #babyboy #fatherdaughterbonding ♬ original sound - Marla McEntire

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.